Дали постоел микробиолошки живот на можеби една од најмистериозните планети во нашиот Сончев систем?
Oдговорот на ова прашање ќе биде главната цел на роверот „Perseverance“ на НАСА, кој вчера во 21:56 часот слета на „Црвената планета“, по седум месеци патување и 468 милиони поминати километри.
Мисијата под назив „Марс 2020“ започна минатата година во јули, а од Флорида е испратено најголемото летало што Марс некогаш го видел.
Најнапредното свемирско возило испратено на друг свет, влезе во атмосферата на Марс и потоа слета во кратерот „Језеро“, наречен по село во Босна и Херцеговина, започнувајќи го големото истражување за докази за древнен микробиолошки живот на оваа планета.
Стремежот на двогодишната мисија вредна приближно три милијарди долари ќе се движи кон потрага на микробиолошкиот живот на Марс кој потенцијално постоел пред три милијарди години, отприлика тогаш кога е и настанат животот на Земјата.
Роверот „Perseverance“ не е единствен на „Црвената планета“. Неговиот претходник, роверот „Curiosity“ кој слета во 2012-та година, останува во функција на НАСА заедно со стационарниот слетувач „InSight“ кој пристигна на Марс во 2018 година, за да ја истражи длабоката внатрешност на оваа планета.