Шест милиони денари од Македонија како помош на Грција за справување со пожарите – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/18 5:13 PM

Шест милиони денари од Македонија како помош на Грција за справување со пожарите

Македонската Влада ќе и’ испрати на Грција финансиска помош во висина од шест милиони денари  за справување со катастрофалните пожари што овие денови ја зафатија пошироката околина на главниот град Атина. Дополнително, Владата донесе одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.

На денешната владина седница донесена е одлука и за финансиска помош во иста висина, од шест милиони денари, да биде испратена и до Владата на Јапонија за поддршка во справувањето со последиците од земјотресот што неодамна ја погоди оваа земја.