Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров направи измени во ростерот за мечот со Русија кој стартува од 15.30 часот во Арената „Молот“ во Перм.
Тодоров се одлучи да и се спротивстави на Русија со следните кошаркари Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
Александар Тодоров не беше незадоволен од крајниот резултат на средбата со Италија вчера, но сепак за него е најважно што овој тим покажа едно сосема поинакво лице во однос на ланскиот февруарски „прозорец“ на ФИБА.
„Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани.Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник“.
Тодоров вели дека Димитријевиќ и Вајли би можеле да бидат сериозен тандем, особено што доаѓаат од шпанската лига, макар биле во различни клубови во овој момент.
„Лесно е кога имаш такви кошаркари. Двајцата знаат да играат кошарка и нема проблем да се поврзат заедно. Добро е што имаме уште два меча пред дуелот со Естонија, така што ќе имаат доволно време да се воиграат“- додаде Тодоров.
фото: КФСМ