Заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина – соопшти денеска македоснкото МНР.
Оттаму наведуваат дека во моментов немаат официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.
Од МНР препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Контакт телефонот на Канцеларијата за врски во Атина е 0030 694 474 3071.