Европската Унија (ЕУ) побара од Русија да го исполни барањето на Европскиот суд за човекови права за ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални, пренесува aгенцијаta Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на социјалните мрежи, високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, потсети на вчерашното барање на Европскиот суд за човекови права во врска со Навални.
Барајќи Навални да биде ослободен што е можно поскоро, Борел рече:
„Очекуваме Русија, која е членка на Европската конвенција за човекови права, да ги почитува своите меѓународни обврски.“
Во вчерашната изјава на Европскиот суд за човекови права беше наведено дека Русија не обезбедува доволна заштита за животот и здравјето на Навални и дека рускиот опозиционер треба да биде ослободен.
Навални, кој тврдеше дека е отруен, на 22 август 2020 година беше однесен во Берлин. По лекувањето таму, на 17 јануари се врати во својата земја. При влезот на московскиот аеродром беше уапсен.
Рускиот суд, условната казна од 3,5 години на Навални ја претвори во казна затвор, со образложение дека Навални не ги исполнил условите за судска контрола.
Судот одлучи Навални преостанатата казна да ја издржува во затвор, земајќи ги предвид 10-те месеци што претходно ги помина во домашен притвор.