Микел Хансен го напушта ПСЖ и се враќа во Данска – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 4:26 PM

Микел Хансен го напушта ПСЖ и се враќа во Данска

Еден од најдобрите светски ракометари и еден од ретките ракометари на светска цена кои траат, Микел Хансен, би можел следната сезона да го напушти тимот од Париз и да се врати назад во Данска.

Освојувачот на светската титула со Данска во Катар, пристигна во Париз Сен Жермен во 2012-тата година , а тековниот договор му истекува токму следната година. Според данските медиуми, Хансен вербално псотигнал договор со Алборг и по истекот на обврските со францускиот шампион ќе се врати во својата матична земја.

Во досегашната кариера Хансен има настапувано за Копенхаген, Гудме и Барселона и во 219 настапи за селекцијата на Данска има забележано 1099 погодоци.