Шпански експерти ќе помагаат во надминување на проблемот со водата во Струга – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 4:07 PM

Шпански експерти ќе помагаат во надминување на проблемот со водата во Струга

Експерти од Шпанија ќе помагаат за надминување на проблемот со снабдувањето со вода за пиење во Струга. Ова беше договорено на денешниот он-лајн состанок на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација” Дашмир Насуфи со амбасадорот на Шпанија, Емилијо Лоренцо Сера.

– Шпанија, која е рангирана во топ десет држави на светско ниво за менаџирање со секторот со вода, предлага да работи со неколку општини во Република Северна Македонија, меѓу кои е и Општина Струга, соопшти денеска општинската прес-служба.

На состанокот, како што посочија општинските власти, покрај за менаџирање со водоснабдувањето било дискутирано и за работата на канализациската мрежа и отпадните води.