Угостителите и музичарите утре на протест – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 3:10 PM

Угостителите и музичарите утре на протест

Угостителите и музичарите за утре најавија протест со кој ќе бараат од Владата да ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната на венчавки.

За 19, 22 и 23 февруари, во период од 14 до 17 часот во Скопје, најавен е протест организиран од сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Протестот е планиран на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16-та Македонска бригада и улицата Интернационални бригади. Поради тоа, од МВР делат дека ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на овие сообраќајници.

Угостителите неодамна апелираа до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната, а ним да им овозможи да работат затоа што немаат никакви приходи.