Поставена нова ѕвезда на Горан Пандев на струмичкиот плоштад – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 2:30 PM

Поставена нова ѕвезда на Горан Пандев на струмичкиот плоштад

На плоштадот „Гоце Делчев” во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, која беше искорната и украдена во ноември 2018 година.

– Верувам дека овој пат ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад. Ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на успесите на Пандев и промоцијата на нашата општина и држава, рече градоначалникот Коста Јаневски.

Ѕвездата беше поставена во 2010 година како симбол за освоената титула на Пандев европски и светски фудбалски шампион со италијанскиот Интер.

-Немам  коментар,  изјави Горан Пандев тогаш.

Пандев не само што е предводник на македонската фудбалска репрезентација, додека во Струмица има Академија каде членуваат околу 400 млади фудбалери. Паралелно гради и Спротски центар со фудбалски стадион.

Досега не се откриени сторителите на кражбата на ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица.