Студениот бран направи штети во земјоделското производство – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 1:57 PM

Студениот бран направи штети во земјоделското производство

Температурите кои се спуштија и 20 степени под нулата,  веќе имаат причинето штети во земјоделското производство,  кои дополнително ќе се утврдуваат во наредните денови, велат стручните лица. Најзастапените сорти на винова лоза во Тиквешијата и се најмногу на удар од ваквите температури, вели за ММС, професор д-р Ристо Вучков.

„Пред сите сорти,  вранецот, кратошијата и смедеревката се најчувствителни и при температури од -14 имаат штети. Години наназад кај вранецот имавме штети и над 80 отсто на температура од -14, но на подолга експозиција. Ќе вршиме лабораториски испитувања дали диференцираните папки кај виновата лоза или овошните дрвца се оштетени. Штом има штети,  папките поцрнуваат. Имавме почнато соко движење и при вакви ниски температури,  таа вода на температури под нулата, ја менува агрегатната состојба и папката е оштетена“, објаснува Вучков и додава дека кај лозата која била подолг период изложена на ниска температура, штетите се неизбежни

Според неговите проценки, повеќе штети би можело да се очекуваат во лозовите насади, каде лозарите завршиле со кроењето, бидејќи сега нема да може да вршат никаква корекција.

 

Ангел Данов