Штип: Рентген апаратот во Клиничката болница не работи десетина дена а пациентите мора да патуваат во околните градови, обвини денес ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 1:53 PM

Штип: Рентген апаратот во Клиничката болница не работи десетина дена а пациентите мора да патуваат во околните градови, обвини денес ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ Штип, денес со обвинување и прашање до штипската Клиничка болница. Зошто не работи рентген апаратот, не работи подолго време магнетната резонанца а од ден на ден зависи дали ќе работили или не Компјутерската томографија. Од Клиничката болница велат дека рентгенот се сервиси но ќе се стави во функција до крај на месецот.

„Пациентите од цела Источна Македонија не можат да направат обична РТГ снимка, затоа што повеќе од една недела не работи рентген апаратот. Но, ситуацијата е уште по трагична! За да ја добијат потребната снимка, лицата со фрактури, во моментите на болка и агонија, патуваат до Пробиштип, Свети Николе или Радовиш! Магнетната резонанца пак, не работи подолг период, а фунционирањето на компјутерската томографија варира од ден, на ден,“рече на денешната прес-конференција Душко Иванов.

Според него клучното прашање на кое треба да одговори менаџменот на болницата е каде се снимаат пациентите заболени од Ковид 19? Дали истите се оставени на милост и немилост на Клиничката болница од Штип или и нив ги „шетаат“ низ здравствените лавиринти?

Реагираа и одговорија од Клиничката болница.

„Точно е дека десетина дена не работи рентген апаратот и за очекување е дека ќе се расипе бидејќи сме рекордери во државата по број на процедури на РТГ КТ и МР. Но за разлика од порано, кога по цела година не работеше КТ, 6 месеци ангиографот итн сега секој дефект се сервисира во најбрзо време,“ велат од Клиничката Болница

Досега се сервисирани КТ 4 пати, ангиографот 2 пати МР 3 пати, мамографот, апаратот за операција на катаракта ,подвижниот РТГ апарат  на ортопедија итн.,  а да буквално не се поремети работата во КБ. Овие поправки чинеа стотици илјади евра, и нормално е одредено време додека заврши тендерот и сервисерот да го донесе делот ( најчесто го немаат на лагер бидејќи се скапи )апаратите да бидат надвор од функција.

„РТГ апаратот , според сервисерот ќе  биде ставен во функција до крајот на месецот, а МР и порано.Сите здравствени установи се навремено информирани да ги испраќаат пациентите со веќе направени слики, а доколку налага ситуацијата се прави КТ.Пациентите од Ковид 19, редовно и по индикација, се снимаат на КТ, во предвидениот термин за нив,“ се додава во соопштението од штипската Клиничка болница.