Во Битола се оштетени повеќе автобуски стојалишта од јавниот градски превоз.
Како што соопшти Секторот за односи со јавност на Општина Битола, искршени се или оштетени објектите на стојалиштата кои претходно беа целосно реконструкирани и исчистени.
„Во Битола никако да запре вандалското однесување кон јавните добра, наменети за користење од страна на сите граѓани. Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта. Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола“, се вели во соопштението од општината.
Граѓаните во повеќе наврати ја поздравија акцијата за уредување на стојалиштата од страна на општината, бидејќи особено при дожд и ветер имаа каде да се засолнат, чекајќи ги автобусите. Општина Битола повторно упатува апел да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми, да бидат соодветно пријавувани.
фото-фб општина Битола