Принцот Филип е хоспитализиран во болницата „Крал Едвард Втори“ во Лондон, во вторникот вечерта, јавува Би-Би-Си.
Сопругот на кралицата Елизабета е примен во болница откако е констатирано дека се чувствува лошо, а како што се наведува хоспитализиран е поради претпазливост, со оглед на тоа дека има 99 години.
Извор од кралското семејство рекол дека неговата хоспитализација нема врска со коронавирусот, како и дека тој самостојно отишол во болница.
Како што се наведува, се очекува да остане таму додека не ги заврши сите неопходни анализи.
Извор: B92.net