ДТИРЗ ќе потпише договор за државна помош со турски „Пурпласт“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 7:38 AM

ДТИРЗ ќе потпише договор за државна помош со турски „Пурпласт“

Договор за државна помош ќе биде потпишан денеска во Владата со турската компанија „Пурпласт“, која реализира инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

На потпишувањето на договорот се најавени обраќања на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на „Пурпласт“, Мехмед Шишманоглу.

Во октомрви 2019 година „Пурпласт“ потпиша Договор со ДТИРЗ за закуп на над 26.000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 2, каде планира да произведува пластични маски и други пластични компоненти за компанијата „Ван Хол“ и многу други компании кои произведуваат автобуси.