Анри главен кандидат за тренерското столче во Борнмут – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 7:09 PM

Анри главен кандидат за тренерското столче во Борнмут

Некогашниот фудбалер на Арсенал и актуелен тренер на МЛС клубот Монтреал, Тиери Анри, според медиумите во Англија е отворен за враќање во англискиот фудбал и е главен фаворит за тренерското столче во второлигашот Борнмут.

Клубот кој минатата сезона настапуваше во Премиер Лигата, се надева дека ќе ја пополни позицијата на местото тренер по отпуштањето на Џејсон Тиндел, а раководството на „црешичките“ од југот на Англија го детектира Анри како совршен кандидат за предводник на шестопласираниот тим во Чемпионшип.

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Њукасл, Џонатан Вудгејт, во моментот ја извршува функцијата привремен менаџер.

Четириесет и тригодишниот Анри досега има искуство како главен тренер на Монако и асистент на Робертон Мартинез во селекцијата на Белгија. Во 2019 година потпиша двегодишен договор со канадската екипа која се натпреварува во МЛС лигата.

Покрај Анри, имињата на Патрик Виера, ек-тренерот на Хадерсфилд, Давид Вагнер и Џон Тери, се поврзуваа со црвено-црните.

 

 

 

Фото:

planetfootball.com