(ВИДЕО) Тенисот на „Аустралијан Опен“ не може да биде здодевен со ваков коментатор – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 3:55 PM

(ВИДЕО) Тенисот на „Аустралијан Опен“ не може да биде здодевен со ваков коментатор

Во споредба со некои други комерцијални и популарни спортови, тенисот понекогаш може да биде и помалку гледлив, можеби и здодевен за окото на гледачот. Особено за гледачот пред малите ТВ екрани.

За тоа да не биде чест случај, покрај главните актери на теренот треба да се погрижат и луѓето во кабините. Коментаторите кои го пренесуваат дуелот имаат два избори. Дали во потенцијалниот „здодевен“ и нединамичен двобој ќе одлучат да се усогласат со случувањата, или ќе му додадат „нешто свое“ на преносот и ќе креираат моменти за паметење.

Арапскиот коментатор во продолжение, дефинитивно ја избрал втората опција. Победата на рекетот број еден светот, Новак Ѓоковиќ, над помладиот германски колега Александар Зверев, по неверојатниот камбек, на достоинствен начин и како што доликува на еден важен тениски Гренд Слем турнир беше проследена на највисоко можно ниво.

 

Ѓоковиќ во полуфиналето од „Аустралијан Опен“ ќе се сретне со Аслан Карацев.

 

 

 

 

 

Фото:

аа.com.tr