Со години наназад црните балерини имаа голем проблем да набават балетанки кои се соодветни на бојата на нивната кожа.
Таквиот проблем стана минато кога започна производството на балетанки кои сега веќе можат да се прилагодат на сечија боја на кожа.
Балерината Кира Робинсон одлучила да ја сподели со светот својата реакција на нејзините први балетанки кои одговараат совршено на нејзината боја на кожа, а видеото од реакцијата се рашири вирално на социјалните мрежи.
Кира пред своите ТикТок следбеници го распакува својот нов пар на, како што вели самата, „револуционерни“ балетанки и не можеше да ја сокрие возбудата што повеќе нема да мора да ги покрива со пудра светлите балетанки кои воопшто не одговараат на нејзината боја на кожа.
Видеото со реакцијата на Кира го освои интернетот и сега има скоро 500 000 прегледи на ТикТок.
Во прилог го приложуваме споменатото видео како и видео во кое Кира покажува колку убаво изгледаат новите балетанки на стапалата на 18 – годишната балерина.
@kiraelonYAYAYAY i’ll show you guys how they look on later #fyp #CleanTok #blackballerina #blackgirl #dancer #pointe #pointeshoes #suffolk #VisionBoard #dance♬ original sound – kira <3
@kiraelonReply to @jess.yung since everyone wanted me to put them on here’s some clips of me breaking them in!! #fyp #pointeshoes #blackballerina #ballet♬ Jake25.17 sound – 🦋Olivia🦋
Извор: Independent