Бил Гејтс шокира: Богатите земји да преминат на вештачко говедско месо од лабораторија – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 2:01 PM

Бил Гејтс шокира: Богатите земји да преминат на вештачко говедско месо од лабораторија

Бил Гејтс ги повика богатите земји да преминат од „обично говетско“ на „100 % вештачко“, за да се изборат против емисијата на штетни гасови кои влијаат на климатските промени.

Третиот најбогат човек на светот во својата нова книга „Како да избегнете климатска катастрофа“ истакнува дека иако е можно светот да избегне катастрофа низ технолошкиот напредок, владите низ светот мора да донесат бројни одлуки, што е неопходно, пренесува Скај њуз.

Гејтс вели дека еден од начините за намалување на нивото на метан е да се запре консумирањето на месо и негова замена со научнофантастични вештачки направени во лабораторија.

-Мислам дека сите богати земји треба во потполност да се префрлат на вештачко говедско, рекол Гејтс за „Technology Review“.

Идејата е да се намалат емисиите на метан, неверојатно моќен гас со ефект на стаклена градина.

-Можете да се навикнете во разликата на вкусот, можете да го направите и повкусно. Со тек на време тоа може да доведе до промена на навиките на луѓето и законите што целосно ќе ја сменат побарувачката, истакнал Гејтс.

-Не мислам дека 80 најсиромашни земји ќе јадат вештачко месо, но мислам дека богатите земји треба да се преминат на овој вид на месо 100 %, рекол тој.