Во Босна и Херцеговина во моментот живеат 1.149 луѓе со сто и повеќе години, од кои 820 се жени, а 329 мажи, потврдуваат од Агенцијата за идентификациски документи, јавува „Срна“, а пренесува „Дневни аваз“.
Експертите истакнуваат дека подолгиот животен век е вообичаен кај жените во целиот свет и има повеќе фактори што влијаат на тоа. Во Европа жените се подолговечни од мажите за пет-шест години, а во некои земји во светот таа разлика е уште поголема. Во Јапонија, на пример, има околу 70.000 стогодишници, од кои само 8.330 се мажи.