Вкупниот број инфицирани со Ковид-19 досега во светот надмина 110 милиони – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 9:59 AM

Вкупниот број инфицирани со Ковид-19 досега во светот надмина 110 милиони

Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво досега е детектиран кај над 110.000.000 лица, пренесува Анадолија (АА).

Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус во светот, досега на глобално ниво регистрирани се вкупно 110.035.727 лица позитивни на вирусот.

Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот, досега детектирани се 28.381.220 заразени лица.

Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:

Индија (10.937.320), Бразил (9.921.981), Русија (4.099.323), Велика Британија (4.058.468), Франција (3.489.129), Шпанија (3.096.343), Италија (2.789.591), Турција (2.602.034), Германија (2.352.766), Колумбија (2.202.598), Аргентина (2.033.060), Мексико (2.004.575), Полска (1.596.673), Иран (1.534.034), Јужноафриканска Република (1.494.119), Украина (1.276.618), Перу (1.244.729), Индонезија (1.233.959), Чешка (1.099.654) и Холандија (1.034.795).

Новиот тип на коронавирус, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 2.429.822 лица, а од вирусот оздравеа 84.865.062. Моментално се лекуваат 22.741.402 заразени лица.