Љубљанските таксисти на протест – не сакаат тестирање на секои 72 часа – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 8:37 AM

Љубљанските таксисти на протест – не сакаат тестирање на секои 72 часа

Повеќе од сто таксисти во Љубљана, главниот град на Словенија, вчера протестираа низ центарот на градот против одлуката на словенечката Влада оти, за да може да работат, мора да се тестираат против Ковид-19 на секои 72 часа.

Синдикатот на таксистите предупреди дека протестите ќе ескалираат во наредните денови доколку Владата не ја повлече одлуката што за нив се чини нелогична и прекумерна додека се укинат некои ограничувања.

Министерот за транспорт, Јернеј Вртовец изјави дека одлуката е оправдана, а можела да се промени доколку се подобри епидемиолошката состојба. Тој вели дека таксистите се во слична положба како инструкторите во автошколите кои, исто така, треба да бидат тестирани затоа што се во близок контакт со патникот во возилото, за разлика од возачите на автобуси кои се доволно далеку од патниците, па затоа тестирањето за нив не било задолжително.