Доналд Трамп фаворит на републиканците за изборите во 2024 година – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 8:29 AM

Доналд Трамп фаворит на републиканците за изборите во 2024 година

Доколку се одржат внатрепартиски избори денес, Трамп ќе беше јасен фаворит за републикански кандидат за претседател на САД во 2024 година, покажуваа вчера објавените резултати од анкетата на „Политико морнинг консалт“, пренесува „Градијан“

Од гласачите на Републиканската партија, 59 отсто изјавиле дека сакаат Трамп да има значајна улога во нивната партија, што е неверојатни 18 поени повеќе од последната ваква анкета, спроведена по немирите во Капитол. Нешто помала бројка, 54 проценти, рекле дека ќе го поддржат Трамп на предизборната листа, пренесува Танјуг.

Потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс, го зазеде второто место во анкетата, со 12 проценти.