Време: Утре уште еден студен ден, од четврток постепен пораст на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 11:32 PM

Време: Утре уште еден студен ден, од четврток постепен пораст на температурите

Утрото ќе биде ведро и многу студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови во источните делови ќе има повремен слаб снег. Утринските температури од -7 до -20 степени, а дневните од -7 до +6 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за утре.

Во  следните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.