Значајна победа против ГОГ на битолските ракометари во Европската лига – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 10:46 PM

Значајна победа против ГОГ на битолските ракометари во Европската лига

Во дрматичен меч до самиот крај, ракометарите на „Еурофарм Пелистер“ во Битола успеаја да ја совладаат силната екипа на ГОГ Гудме, во која играат и четворица репрезентативци на светскиот првак Данска, со 32-31 (15-16).

Битолчани добро го почнаа мечот. Поведоа со 6-2, но веднаш потоа гостите направија 5-0 и поведоа. Водството го сочуваа до крајот на полувремето. Поголемиот дел се играше гол за гол. Во финишот битолчани направија предност од два-три гола, но, сепак, мечот беше неизвесен до последната секунда. Гостите имаа последен напад за изедначување, но не го реализираа.

Најефикасни кај „Еурофарм Пелистер“ беа Мараш со 8 гола, Периќ со 7, Граџан со 6, Костески со 5…