Силувано 14-годишно девојче во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/18 11:52 AM

Силувано 14-годишно девојче во Струмица

Четиринаесетгодишно девојче во полициската станица во Струмица пријавило дека било силувано од 17-годишен малолетник.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во полиција на 22 овој месец.

По пријавата, СВР-Струмица во координација со Основното јавно обвинителство-Струмица преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Извор:МИА