Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека за многу прашања се согласува со американскиот претседател Џо Бајден, но призна дека имаат различни погледи за прашања поврзани за Иран и Палестина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на израелската Влада во интервју за израелската телевизија „Канал 12“ го коментираше тоа што сè уште не разговарале телефонски со претседателот на САД, Џо Бајден, кој во Белата куќа влезе пред речиси четири недели.
„Ќе се јави тој. Речиси 40 години негуваме силни пријателски односи меѓу Израел и САД. Се познаваме и лично“, изјави Нетанјаху.
Истакнувајќи дека со Бајден се согласува за многу прашања, Нетанјаху првпат призна дека за прашањата за односите со Иран и за палестинското прашање имаат различни мислења.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, уште од 11 февруари најави дека американскиот претседател Бајден наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Нетанјаху, но тоа сè уште не се случило.