Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, истакна дека заканите за санкции на Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) кон Русија се даваат манијачно, јавува агенцијата Анадолија (АА).
Песков во главниот град Москва даде изјава за медиумите.
Оценувајќи ги заканите на западните земји за санкции кон Русија, Песков рече: „За жал, изјавите за санкциите и во Брисел и во САД се даваат упорно и манијачно.“
Песков изрази надеж дека ќе надвладее политичката волја за продолжување на дијалогот и верување дека преку дијалог ќе се решат најтешките проблеми во меѓусебните односи.
„Се разбира, потенцијалните закани што произлегуваат од ваквите непријателски изјави нè принудуваат постојано да се мобилизираме и да бидеме подготвени“, нагласи портпаролот Песков.
Тој, наведувајќи дека САД се лидери на полето на економијата, додаде: „Лидерството на САД врз судбината на народите на другите земји и во промената на политичките режими е обид да се воспостави хегемонија.“
Оценувајќи го тврдењето на Француската национална агенција за безбедност на информациски системи (ANSSI) дека хакерите што извршиле кибернапади врз француски компании во периодот 2017-2020 година биле поврзани со Русија, Песков рече дека неговата земја не е вклучена во такви напади.
„Во извештајот на агенцијата се тврди дека хакерска група извршила кибернапади. Но, асоцирањето дека Русија е вмешана во тоа е апсурдно“, нагласи Песков, додавајќи дека постојано ја потенцираат потребата од соработка во борбата против кибернападите на меѓународната арена.