Страшни балкански проекции: За 50 години БиХ ќе остане без половина од своите жители – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 7:25 PM

Страшни балкански проекции: За 50 години БиХ ќе остане без половина од своите жители

Споrед пописот од 2013 година, во Босна и Херцговина живеат 3.531.151 постојани жители. Од тоа во Федерацијата БиХ се 2.219.220, во ентитетот РС 1.228.423 и во Дистриктот Брчко 83.516 жители.

Популацискиот фонд на ОН во БиХ, во соработка со Агенцијата за статистика на БиХ, Федералниот завод за статистика на Федерацијата БиХ и со Заводот за статистика на РС, неодамна направи проекциии за населението во БиХ за периодот 2020 – 2070 година, и, со поддршка на Владата на Шведска, анализа на состојбата со населението.

Двете иницијативи се исклучително важни, пренесува „Радиосарајево“.

Анализите потврдија дека БиХ е земја со „најнизок низок“ фертилитет на светот (1,25), високо ниво на миграција и на стареење на населението. Проекциите содржат четири варијанти за бројот на жителите во БиХ во 2070 година. Според првата, „најоптимистичката“, земјата тогаш ќе има 2.496.138 жители, според втората – 2.344.330, според третата –  2.188.000 и според четвртата – само нешто повеќе од 1,5 милион жители.