Повредата е минато. Светскиот рекет број еден после неверојатен пресврт го совлада германскиот тенисер Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето од „Аустралијан Опен“.
На мечот кој заврши 40 минути по полноќ, Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (6:7, 6:2, 6:4, 7:6) успеа да се врати од негатива, манифестирајќи уште еднаш победнички менталитет и огромна натпреварувачка енергија.
Во првиот сет српскот тенисер не стартуваше добро. На тај-брејк опонентот на терен, а пријател надвор од него, „низ иглени уши“ на свое конто го додаде воведниот сет од одличниот чевтрфинален дуел.
Вториот сет, враќањето на стариот добар Новак. Србинот фуриозно го започна мини-двобојот со две брејк-топки и 4:0. На крајот Ѓоковиќ изедначи на 1:1 и освоени шест гемови наспроти оние два на Германецот.
Кога се чинеше дека истата судбина ќе го снајде Ѓоковиќ како во првиот сет, откако Зверев поведе со 3:0 и 4:1, мајсторот стапи на сцена. Пет последователни гемови и освојување на клучниот сет со 6:4.
Во четвртиот сет српскиот тенисер го врати тај-брејкот на своја страна и после три часа и 34 минути го порази фантастичниот Зверев.
Во полуфиналето на првиот Гренд Слем во календарската тенисерска година, Ѓоковиќ ќе се сретне со Аслан Карачев.