Ристоска: Мијалков ги дал насоките за ништење на системите за прислушување во УБК – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 5:04 PM

Ристоска: Мијалков ги дал насоките за ништење на системите за прислушување во УБК

На обвинетите Сашо Мијалков и Горан Грујоски, кој е во бегство, повеќе од јасно им било какви се податоци се зачувуваат во системот за следење на комуникаци и какви се последици по нив може да има објавувањето на овие податоци. Поради тоа тие решиле да го уништат системот за следење на комуникации „Најс трак”, рече денеска јавната обвинителка Ленче Ристоска, која во моментот ги изнесува завршните зборови во случајот „Таргет-Тврдина”.

– Обвинетиот Мијалков, како би оневозможил да се поврзе дека објавените разговори потекнуват од системот за следење на комуникаци во УБК со искористување на своето влијание и службена положба побарал од обвинитетиот Горан Грујоски да изврши службено дејствие што не би смеало да се изврши и да организира и спроведе ништење на системите за следење на комуникаци „Веринт” и „Најс”, иако не постоело реална потреба од ништење на системот „Најс”, рече обвинителката Ристоска.

Обвинетиот Мијалков, како што наведе обвинителката во својата одбрана потврдил дека бил запознат со ништењето на системите и дека е не спорно оти тој ги дал насоките за ништење на системот „Најс”.

– Ништењето на опремата на УБК се извршувало на два наврати во 2015 година. Активностите за ништење на ова опрема започнуваат на почетокот на 2015 година. Сведокот Сашо Трајковски, појасни пред Суд дел од разговорот со Горан Грујоски „уште да го спакуваме системот со документи и ќе го ништим”. Така и се случило. Веднаш по 9 февруари 2015 година, кога прв пат јавно се објавуваат материјалите од незаконското следење на комуникациите, Горан Грујоски им дал налог на помладите инжиниери и текничари во УБК, системот „Веринт” кој се наоѓал во систем салата на 4 кат да биде изнесен и симнат во гаража, посочи обвинителката Ристоска во завршниот збор.

Завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина” уште се во тек.