Премиерот Зоран Заев денеска го презентираше Петтиот пакет на економски мерки за граѓаните и реалниот сектор, за стабилна економија и подобрување на ликвидноста на стопанството. Мерките ќе го заокружат процесот на директна поддршка, со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување на економијата, рече Заев.
Пакетото вклучува вкупно 29 мерки во вредност од 9,7 милијарди денари или 160 милиони евра, од 91,7 милиони евра се директни буџетски трошења.
Мерките се поделени на четири столбови: Директна финансиска поддршка на компаниите со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити, креирање на поповолно деловно опкружување преку намалување на давачки и даночно олеснување и поддршка на граѓаните.
Петтиот пакет мерки содржи:
1.Финасиска поддршка за плати за вработените во висина од 1,92 милијарди денари, со која ќе бидат опфатени 60.000 граѓани, скалесто од 14.500 до 21.776 денари за месеците февруари и март 2021 година, во зависнот која компанија колкав пад имала во ноември и декември 2020 година, споредено со 2019 година и јануари 2020.
- Кредити со 0 % камати за најпогодените сектори: туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани и приватни здравствени установи и други преку Развојна банка во вредност од 615 милиони евра.
- Финансиска поддршка на 120 радиодифузери со вкупно 50 милиони денари за 2021 година.
- Ослободување од надоместокот за МУКС за радиодифузерите во 2021 во вредност од 33,3 милиони денари за 15 радиодифузери.
- Финансиска поддршка за регистрираните занаетчии.
- Финансиска поддрша за граѓаните со ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход за самостојни вршители на дејност до 30.6.2021 година во вредност од вкупно 15 милиони денари.
- Финансиска поддршка за меѓународните транспортери за исплата на плати за март и април в вредност од вкупно 15 милиони денари за 1000 вработени.
- Финансиска поддршка од 3000 до 10.000 евра за околу 200 регистрирани компании кои вршат превоз на патници, кои имаат пад на приходи поголеми од 50 %, од вкупно 79,9 милиони денари.
- Кредитна гарантна шема во периодот април – октомври 2021 година која ќе се реализира преку развојна банка во вредност од 307,5 милиони денари.
- Продолжување на грејс периодот за плаќање на обврски за корисниците на кредити од кредитната линија „Ковид „“ кај Развојна банка до крајот на 2021 година.
- Поддршка за индустријата и организацијата на настани од јавен интерес за компании кои организираат настани, продуцентски куќи, национални и локални телевизии и радија во вредност од 61 милиони денари.
- Финансиска поддршка за хотелите кои функционираат надвор од туристичките центри кои не користеле ваучери, во вредност од 64,6 милиони денари.
- Фонд за поддршка на извозните компании преку развојна банка вкупно 615 милиони денари.
- Подрршка за спортски клубови, 33 % од сумата ја добиваат преку ваучерскиот систем да се исплати од Буџетот, во вредност од 184,5 милиони денари.
- Укинување на царински стапки за 71 продукт и суровина до крајот на 2021 година во вредност од 436,6 милиони денари.
- Укинување и намалување на царинските стапки за 31 суровина и за месо за извозни компании до крајот на 2021, во вредност од 228.3 милиони денари.
- Поддршка за извозни компании- Ревидирање на царинскиот тарифник и усогласување со правилата на ЕУ пазарот и пазарите на членките на ЕУ во врендост од 615 милиони денари и фискални импликации.
- Олеснителни услови за 245 компании кои имаат активни договори и нови кои ќе инвестираат според законот за финасиска поддршка на инвестиции, вкупно 925 милиони денари.
- Ко-финансирани грантови за микро мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи за технолошки развој за забрзан економски раст во ковид-19 период преку ФИТР, вкупно 369 милиони денари.
- Користење на средства од неискористени блок дотации за општините за капитални инвестиции, вкупно 1,9 милијарди евра.
- Финансиска поддршка за тутунарите во вредност од вкупно 307, 5 милиони денари.
- Бришење на камати од долгови на граѓаните кон јавни институции и претпријатија, во вредност од 1,8 милијарди денари.
- Финансиска поддршка за 38 здравстевни работници изоставени со третиот пакет мерки, во вредност од 570.000 денари.
- Продолжување на концесии и одложување на наплаќање надоместок за лиценци и дозволи за вршење дејност
- Ослободување од договорни обврски за плаќање пенали за договори потпишани со ЕЛС на компании погодени од кризата, вкупно 180 милиони денари
- Финансиска поддршка за преработувачите и извозници на грозје, вкупно 40 милиони денари.
- Финансиска поддршка за Роми претприемачи преку креирање „Мечинф Фонд за претприемништво за Роми“ , вкупно 123 милиони денари.
- Зголемување на прагот на ослободување на оданочување со данок на добивка на регресот за годишен одмор од 40 % на 80 %, вкупно 153,8 милиони денари.
- Поддршка за дигитална транформација на бизнисите, за побрза пост-ковид ревитализација за мали и микро претпријатија од 25 милиони денари
На ноинарско прашање дали ова е последниот пакет мерки за финансиска помош на граѓаните и фирмите, премиерот одговори дека ова е последно помагање со плати, бидејќи очекува излез од кризата. Исто така истакна дека оние компании кои финансиската помош не ја искористиле за да обезбедат плата за вработените, веќе нема да имаат право да аплицираат за финансиска помош.