(Видео) Крал, легенда и нов селектор на Македонија- ЕХФ го претстави Кире Лазаров – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 3:26 PM

(Видео) Крал, легенда и нов селектор на Македонија- ЕХФ го претстави Кире Лазаров

Европската ракометна федерација му го честиташе изборот за нов селектор на македонската репрезентација на нашиот капитен Кире Лазаров со видео од неговите најдобри моменти во кариерата во кое пишува “Крал, легенда и нов селектор на Македонија“.

Македонската ракометна легенда Лазаров беше избран за нов селектор-играч на националниот тим откако се согласи на договор со важност до 2026 година.

Според ЕХФ, Лазаров бил главен двигател на клубовите во кои настапувал и на својата земја во последните две децении освојувајќи ја Лигата на шампионите во два наврати и уште неколку трофеи во дресот на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал и Барселона. Исто така Лазаров постави и нови рекорди на листата на стрелци во Лигата на шампионите, Европските и Светските првенства.

40-годишниот ракометар е во последната година од договорот со француски Нант и ако реши да игра и во следната сезона, Кире ќе биде редок пример на играч кој во истовреме е и селектор на репрезентација.

King, legend, and now the new coach of North Macedonia 🇲🇰 How happy are you about Kiril Lazarov taking the hot seat?…

Posted by EHF EURO on Tuesday, February 16, 2021

 

„Се уште не сум одлучил дали ќе играм следната година, но треба да го имам конечниот договор до крајот на месецов за тоа дали ќе играм или ќе се пензионирам. Се надевам дека ќе можам да продолжам да играм следната сезона“, рече Лазаров во сооштението од македонската ракометна федерација.

Без разлика дали ќе игра или не, фокусот на Лазаров во следниот период ќе биде да го извади најдоброто од следната генерација млади ракометари и да направи сериозни промени во националниот тим на сите нивоа.

„Ни недостасуваше конкретен план, систем на игра кој ќе почнува од младинските категории и кој ќе им помогне на младите играчи полесно да се интегрираат во сениорска конкуренција. Немаме многу време до натпреварите со Данска и нема многу простор за големи промени дотогаш“, рече Лазаров за првпат во новата улога на селектор.

Македонската репрезентација се бореше да остави поголем впечаток во последните неколку години после деветтото место на Светското првенство во 2015 година. Затоа Лазаров најави дека тимот ќе стане препознатлив по атрактивниот ракомет под негово водство.

„Ви ветувам ќе видите сосема различен тим следната година, брз и модерен ракомет на двете страни од теренот“.