Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 31, во ковид – центарот во Гостивар 12, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани двајца, во Кичево осум, Кавадарци 44, во Гевгелија шест лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.