Свадбени обичаи во светот-На Фуџи, младоженецот мора да му даде заб од кит на таткото на невестата – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 11:32 AM

Свадбени обичаи во светот-На Фуџи, младоженецот мора да му даде заб од кит на таткото на невестата

На младенците во Конго не им е дозволено да се смеат за време на нивната свадбена церемонија. Смеењето би значело дека тие не го сфаќаат бракот сериозно.

Од друга страна, паровите во Монголија мораат да убијат пиле и да му го извадат црниот дроб за да им дозволат да стапат во брак.

Според норвешката традиција, невестата на венчавката треба да носи дијадема направена од сребро и злато, на која има мали ѕвончиња. Звукот на ѕвончето што доаѓа додека невестата ја мрда главата, всушност треба да ги избрка лошите духови.

Сличен обичај постои и во Германија. Гостите на свадбата ќе фрлаат порцелански јадења на земја, со цел да ги истераат злите духови од домаќинството. Младоженците се поврзуваат со тоа што заедно го расчитуваат нередот , а самиот процес симболизира дека во иднина ќе можат да се соочат со секаков предизвик што ќе им се најде на патот.

Додека младенците во Мексико разменуваат брачни завети, од рамењата им се влече „ласо“ направено од цвеќе. Ласото е во форма на бројот осум, што потсетува на симболот на бесконечност што значи желба, бракот да трае што е можно подолго.

 

За да може мажот на Фиџи  да ја побара раката на својата сакана, мора да му даде заб на кит на својот иден дедо.

Во Грција, обичај е кумот на младоженецот да ја бричи брадата на младоженецот. Откако ќе заврши овој обичај, свекрвата  го нахрани младоженецот со мед и бадеми.

Јапонска невеста што ќе се омажи почитувајќи ја традицијата на Шинто, ќе носи бело од глава до пети, а на главата ќе има качулка наречена „тцунокакуши“. Таа треба да ги сокрие таканаречените „рогови на љубомора“ што невестата ги чувствува кон свекрвата.

Племето Сантал во Индија верува дека доколку девојчето има криви заби, тоа е очигледен знак дека во блиска иднина ќе ја изеде тигар, бидејќи духовите ја мразат. Поради тоа мора да се омажи за куче. Тоа и се случи на деветгодишната Карнамони Хандса, која се омажи за кучето скитник Бацана меѓу сто гости, кои пееле, танцувале и пиеле домашни пијалаци. Добра вест е дека тоа не е вистински брак туку само начин за истерување на злите духови и за девојчето да може да се омажи за вистинското момче подоцна во животот.

Обичајот на „оцрнување“ на младата е дел од многу старата шкотска традиција и се случува за време на венчавката. Младата набрзина се води до некој од другарите на младоженецот и од глава до петици ја прекриваа со отпад. Може да се искористи што било – јајца, млеко, катран и пердуви. Овој обичај има за цел да им помогне на жените да се изборат со сите можности во бракот, бидејќи ништо што ќе им се случи од тој момент понатаму нема да биде толку сурово или понижувачки како „оцрнувањето“.

Во Кина важи обичај сличен на нашиот. Невестата и младоженецот му прават „замки“ на младоженецот за да стигне до невестата на денот на нивната венчавка. Тие му даваат секакви тестови и предизвици што треба да ги реши за да покаже дека е достоен за да биде младоженец. Покрај тоа, тој мора да плати и секоја од девојќите кои што ја чуваат невестата..

Во Куба, секој маж што танцува со невестата за време на прославата, мора да закачи пари на нејзиниот фустан, за да им помогне на младенците да ја исплатат својата венчавка и меден месец.

Триесет години се одбележува Светски ден на бракот 

Во светот се одбележува и ден на бракот. Светскиот ден на бракот започна да се слави во 1981 година во градот Батон Руж во Луизијана, една од американските сојузни држави. Во тоа време, неколку парови побараа од градоначалникот и владиката да го заменат Денот на вљубените со Денот на бракот.

Две години подоцна, започна да се слави низ целиот свет. Светскиот ден на брак се слави секоја втора недела во февруари. Недела за брак се одржува и во Соединетите Американски Држави, која трае од 7 до 14 февруари, односно до Денот на вљуубените.

Денот на брак ги нагласува сопружниците како основа на семејството и основна единица на општеството. Служи за потсетување на сопружниците на жртва, но и радост во секојдневниот брачен живот.