Утре започнуваат осминафиналните натпревари во УЕФА Лигата на шампиони – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 11:18 PM

Утре започнуваат осминафиналните натпревари во УЕФА Лигата на шампиони

Утре и на 17 февруари се играат првите четири осминафинални натпревари во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на Европа, УЕФА Лигата на шампиони. На 23 и 24 февруари се играат преостанатите 4 натпревари од осминафиналето.

Кои екипи ќе се пласираат во четвртфиналето ќе биде познато по реванш-средбите што ќе се играат на 9 и 10 март и на 16 и 17 март.

Сите натпревари ќе започнат во 21:00 часот.

Распоред на натпреварите од осминафиналето во УЕФА Лигата на шампиони:

 

16 февруари (вторник):

Лајпциг – Ливерпул

Барселона – Париз Сен Жермен

 

17 февруари (среда):

Севиља – Борусија Дортмунд

Порто – Јувентус

 

23 февруари (вторник):

Атлетико Мадрид – Челзи

Лацио – Баерн Минхен

 

24 февруари (среда):

Аталанта – Реал Мадрид

Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити.

 

„Анадолија“ (АА)