Словенците и за време на пандемија ги зголемија платите: Просечната сега е 1.315 евра – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 8:19 PM

Словенците и за време на пандемија ги зголемија платите: Просечната сега е 1.315 евра

Просечната нето-плата за 2020 година во Словенија изнесувала 1.208,65 евра, што е пораст за 6,7 отсто во однос на 2019 година, објави словенечкиот Завод за статистика.

Просечната ланска бруто-плата во Словенија била 1.856 евра, пренесува агенцијата СТА.

Просечната нето-плата, пак, само за декември 2020 година во Словенија изесувала 1.315 евра, а бруто-платата за тој месец била 2.021 евро.