Жителите на Будва и Тиват поради пандемиајта на коронавирусот од денска се соочуваат со нова мерка, со која им се забранува да ги напуштаат териториите на тие општини, соопшти црногорското Министерство за здравство. Мерката е донесена на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора поради влошената епидемиолошка состојба.
Забраната како што соопштуваат тамошните власти не се однесува на, извршување на редовни работни задачи, врз основа на потврда на работодавачот, но исто така и на обезбедување на здравствена заштита, врз основа на медицинска документација.
Во овие градови, угостителите се должни да служат оброци во собите на гостите кои престојуваат во хотелите.