Oд една во друга Борусија: Марко Розе од следната сезона ќе го предводи Дортмунд – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 8:03 PM

Oд една во друга Борусија: Марко Розе од следната сезона ќе го предводи Дортмунд

Тренерот на Борусија Менхенгладбах, Марко Розе, им соопштил на раководството на германскиот клуб дека на лето ќе ја промени средината и ќе се пресели во Борусија Дортмунд.

По отпуштањето на Фавре, жолто-црните не пронајдоа негова перманентна замена, а привремената функција ја извршува хрватскиот стратег Един Терзиќ. После повеќенеделни преговори, Розе донел одлука за преземање на поранешниот првак во Бундеслигата, иако 44-годишниот менаџер роден во Лајпциг има уште една година до истек на актуелниот договор со 1/8 финалистот во кампањата 2020/21 во Лигата на Шампионите.

-За жал ваква одлука падна после недели и недели преговарање. И покрај тоа, Розе заедно со Гладбах ќе се обиде да ги оствари нашите цели сезонава, изјави спортскиот директор на Менхенгладбах, Мак Еберл.

Розе и Менхенгладбах по 21 одиграно коло се наоѓаат на седмата позиција на табелата и се на само шест поени оддалечени од позициите кои водат во Лигата на Шампионите. Во ова натпреварување германскиот претставник ќе има пеколно тешка задача против англиски Манчестер Сити.