Американскиот претседател Бајден го потврди учеството на Самитот на лидерите на земјите од Г7 – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 7:00 PM

Американскиот претседател Бајден го потврди учеството на Самитот на лидерите на земјите од Г7

Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува онлајн на Самитот на лидерите на Групата Г7 кој ќе се одржи на 19 февруари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Лидерите на најразвиените држави на светот ќе се состанат првпат по април минатата година, а од Белата куќа е соопштено дека на Самитот првпат ќе присуствува и американскиот претседател Бајден.

Во соопштението се наведува дека Бајден ќе говори за борбата против пандемијата на Ковид-19 и за обновата на глобалната економија.

Исто така се наведува дека Бајден ќе укаже на важноста на глобалната соработка заради воспоставување на здрави финансиски механизми кои би ги спречиле застоите во производството и дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19.

Бајден ќе укаже и на економските и климатските потешкотии со кои се соочува светот.