Членовите на НСП исклучени од колективните договори – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/18 10:58 AM

Членовите на НСП исклучени од колективните договори

 

Продолжуваат притисоците врз членовите на Независниот полициски синдикат. Претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев Тодев обвинува дека се исклучени од колективните договори, иако имаат доволно членство за репрезентативност. Ова обвинување Делчев Тодев го изнесе денеска на прес конференција симболично одржана пред Владата, од каде му порача на премиерот Зоран Заев да внимава, зашто исклучувањето од колективните договори ја ,,прелило чашата”.

,,Господине Заев Ве поздравувам и Ви кажувам да не ме шетате од министерство во министерство. Работниците ова не го заслужуваат. Тие се членови на НСП и плаќаат членарина. Од пред неколку години министерствата ни бараа членство кое веќе го имаме. Веќе сме легитимни и репрезентативни, сите податоци се на наша страна”, порача Делчев Тодев според кој, во НСП членуваат 3142 полициски службеници.

Покрај ова, неодамна пред Министерството за правда и пред Министерството за земјоделие претставници на шумската и затворската полиција протестираа за поголеми работнички права, но првиот човек на НСП вели дека иако од ресорните министерства добиле ветувања за решавање на ситуацијата, се’ уште нема никакво подобрување.