Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 2:26 PM

Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

Полицијата денеска во Скопје приведе 47-годишен жител на Азербејџан, баран со меѓународна потерница од Интерпол за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години.

– Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек за меѓународни потраги денеска во 11:40 часот го приведоа Б. А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години, се вели во соопштението до МВР.

Оттаму  информираат дека Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.