Пандемијата со коронавирусот меѓу многуте непознатости што ги донесе, привлече внимание и на проблемот со синдромот на хроничен замор кој се почесто се јавува кај пациентите кои се опоравиле од ковид. Заболените пациенти не се свесни од што патат, проблемот не го препознава ни околината, па ни докторите, нагласува професорот Бранислав Милановиќ кој 20 години се занимава со оваа сериозна болест.
Како што нагласува тој има повеќе форми на умор. Постои умор кој после напорна умствена или физичка работа го чувствуваме но поминува кога ќе отспиеме. Постои умор кој настанува поради синдромот „согорување при работа“, но постои и умор како болест и кој се вика синдром на хроничиен умор.
За синдромот „хроничен замор“ се смета дека е по тежина во рангот на онколошки болести и сида. Моментално се зборува за продолжен ковид, но тоа всушност е влегување во синдромот хроничен замор.
Што е хроничен умор
Ако некој прележи вирусна инфекција, посебно ковид, ако се заморува, има когнитивни пореметувања, слаба концентрација, нервоза, анкциозност која се појавува кај 80 отсто од случаите. Има невролошки испади во смисла играње на мускулите, вртоглавица при станување или губење на свест. Притоа, чести и силни главоболки, болки во мускулите и зглобовите, проблеми со гастроинтестиналниот тракт, како што е синдромот на нервозно дебело црево и слични проблеми, а се трае повеќе од шест месеци, во прашање е синдром на хроничен умор.
-Ова се третира не само како болест, туку и како инвалидитет, бидејќи пациентите со време неможат да работат. Дури и кога ќе се направат комплетни испитувања, неможе да се најде ништо специфично, а во суштина главните промени се на автономниот нервен систем, нагласува Милановиќ.
Нема одмор од хроничниот умор
Најголемата заблуда која ја прати оваа болест е што луѓето претпоставуваат дека е во прашање обичен умор, кој може да им помине со одмор. Откриено е дека до главни промени доаѓа на органели, кои се викаат митохондрии и после вирусна инфектица тие не се опорават, во прашање е инвалидитет.
Според податоците на СЗО само 10 отсто од пациентите се подобро псоле одредена терапија. Но, како што напоменува с-р Милановиќ лечењето мора да биде мултидисциплинарно бидејќи овој синдром води до „паѓање“ на сите системи.
Извор: Ртс.рс