Од 10:30 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, информираат од АМСМ.
Претходно, од 09:10 часот беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓаватo, а од 09:30 часот и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.