Кристал Рејнолдс Фишер од Мичиген доживеа непријатна ситуација откако на шефот му кажала дека нема да може да дојде на работа бидејќи на нејзиниот син му се слошило и завршил во болница.
Нејзиниот син одеднаш добил сепса и итно бил пренесен во болницата, каде лекарите го поврзале на апарати кои му помагале да остане жив.
Очајна и загрижена за својот син, таа испратила порака на шефицата на бензинската пумпа каде што работи дека нема да може да дојде на работа и истовремено и објаснила за што станува збор. Сепак, наместо очекуваната реакција, таа добила брутален одговор.
-Тука така не функционираат работите, го прифаќам твојот отказ – и напишала шефицата во СМС пораката.
Вознемирената жена ја прашала шефицата како треба да бидат работите кога животот на нејзиниот син е загрозен и е на апарати.
– Ниту во еден момент не реков дека ќе дадам отказ но еве, прифаќам да ме отпушташ – налутено напишала мајката.
Набрзо добила одговор…
– Кога не можеш да дојдеш на работа тоа значи дека даваш отказ, групо и одговорила шефицата.
– Не, тоа значи дека ве известувам дека не можам да дојдам бидејќи животот на моето дете му виси на конец, напишала Кристал која сите пораки од шефицата ги споделила на својот Фејсбук профил.
Веднаш почнале да пристигнуваат пораки за поддршка, а нејзините пријатели на Фејсбук своето мислење го напишале со најлоши зборови упатени кон шефицата и местото во кое работи.
За жал, тука не било крајот на пораките. Шефицата и објаснила и таа да била во таква ситуација ќе дошла на работа.
– Морам да плаќам сметки, и на така би била зафатена.Во оваа фирма не се доаѓа и заминува туку така. Твојот син е на најдобрто можно место, а јас морам да ја водам работата и таа е мојот фокус, напишала шефицата.
Како што јавноста вршела притисок, се огласиле од компанијата кои веднаш го истражиле случајот.
– Утврдивме дека е постапено неправилно и бесчуствително, што тоа не е во склоп на политиката на нашата компанија. Жал ни е поради тоа. Поради целата немила ситуација, мораме да реагираме и да и дадеме отказ на менаџерката која нас не доведе во ваква ситуација. Ја известивме Кристал дека може да земе слободни денови колку и да и е потребно во овие тешки моменти, стои во соопштението на компанијата.
Извор и фото: informer.rs/