Долно Лисиче нема струја среде минусни температури, а граѓаните се жалат ЕВН не реагира на дефектот – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/21 9:36 PM

Долно Лисиче нема струја среде минусни температури, а граѓаните се жалат ЕВН не реагира на дефектот

Граѓаните на Долно Лисиче се жалат дека скоро цело попладне немаат електрична струја, граѓани од наслебата Долно Лисие во општина Аеродорм испратија реакција до ММС и велат дека во овие зимски денови кога температурите се под нула останати се цело неделно попладне без греење.

Граѓаните велат дека само одреден дел од населеното место Долно Лисиче нема електрична енергија, иако случајот е пријавен во ЕВН Македонија. Како што велат тие во текот на денот пријавиле дека имаат само една фаза од електричната енергија, а некаде околу 16 часот и 30 минути останале и без таа една фаза.

По јавувања во кол центарот на ЕВН Македонија, каде тешко може да се дојде во комуникација со надлежно лице, од таму истакнале дека се запознаени со дефектот и истиот ќе биде саниран во текот на денот, меѓутоа и во овие вечерни часови дел од ова населено место е сеуште без електрично напојување.

Граѓаните револтирани реагираат бидејќи поголем дел од нив се греат на инвертер клима уреди и дел од нив поради состојбата со корона кризата работат од дома и работните обврски не можат да ги завршат, велат дека ова во 21 век е недозволиво.

Г.Д