(ВИДЕО) Во оваа зоолошка градина животните може да ги крстите по вашите поранешни партнери – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/21 8:18 PM

(ВИДЕО) Во оваа зоолошка градина животните може да ги крстите по вашите поранешни партнери

Ако не сте во романтично расположение, имаме одлично решение. Можете да именувате лебарка или стаорец во зоолошката градина во Сан Антонио според вашиот поранешен партнер.

За донација од пет долари, вработените во зоолошката градина ќе му го дадат на инсектот што ќе го изберете името на вашето поранешно момче или девојка.

Оваа зоолошка градина го започна настанот „Cry Me A Cockroach “ во 2019 година, а оваа година тие исто така нудат можност да му дадат на стаорецот име по избор и тие со него да ги хранат птиците, влекачите и цицачите. Тоа задоволство ќе ве чини 25 долари.

Инсајдер пренесува дека се покажало дека оваа година најпопуларно име меѓу лебарките е Доналд, а повеќе од 5.000 луѓе од целиот свет донирале пари и се вклучиле во настанот.

„Луѓето можат да заборават некој што можеби им направил неправда, но и да се грижат за нашите животни. Парите собрани од акцијата се инвестираат во ново и подобрено живеалиште на јагуарот и систем на надземни траги во зоолошката градина, кој ќе опфати 56 хектари и ќе бидат сместени повеќе од 3.500 животни од 750 различни видови “, објасни директорот на зоолошката градина Тим Мороу.

 

It’s time! Stay tuned for the Cry Me a Cockroach festivities all throughout the day!

Posted by San Antonio Zoo on Sunday, February 14, 2021

Преземено од: https://www.index.hr/