Снегот за некој донесе потешотии, но за најмалите тоа сигурно е радост. Но и не само за најмалите тука се и повозрасните кои знаат како да се радуваат на оваа снежна убавина.
По подолго време да се израдуваме на нешто убаво како што е снегот. Денеска во Скопје се уживаше во белата покривка со санки, кои се во мода само кога има снег, па и затоа добро е да ја имаш, мавањето со снежни топки како главна активност кога имаме снег, но и правење „ангелчиња“.
Снежните лудории на снегот се и одлична носталгична глетка за секој еден кој ќе се присети на своето безгрижно детство.
Снежната разгледница од Скопје може да ја проследите низ фото објективот на Ванѓел Тануровски.
Г.Д