Кој празник треба повеќе да се слави? Свето Трифун или Свети Валентајн? Ако ја прашате Јованка Житарова- Јова, ќе ви рече секако виното, бидејки потекнува од Тиквешијата. Но, вели таа, не треба ниту да се пие вино ниту да се љуби само на овој ден, туку секој ден, да се живее во името на љубовта, и да се пие чаша вино за здравје!
-Не славам Валентајн, туку Свети Трифун. Сепак, јас сум од кај што има најмногу грозје, вино и ракија, и нормално е во овој крај виното да биде на пиедестал и да се слави Св. Трифун. Но, тоа не значи дека не го почитувам Св. Валентај, иако сметам дека љубовта не треба да се слави само овој ден туку секој ден. Не сум многу по пиењето, но традиција ми е скоро секој ден на ручек да се напијам чаша вино. Го сакам и белото и црвеното вино, односно преку зима, нормално е повеќе да пијам црвено, а преку лето бело вино, вели таа.
Кога станува збор за љубовта таа вели дека треба да ја има секој ден во сите облици.
-Не сум заљубена, но животот не го прави само љубовта кон партнерот, туку и кон децата, родителите, своите најблиски и секако пријателите. Јас денес нема да славам со партнер, туку со пријатели. Убав ручек со чаша вино и македонска музика. Затоа на сите има посакувам многу љубов, во изобилие. Без неа не се може, додава таа.
Фото: Вангел Тануровски