Не подарувајте мечиња и срца, тоа е евтино и се заборава, подарете време и искрена љубов, скапоцен подарок што се памети – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/21 10:02 AM

Не подарувајте мечиња и срца, тоа е евтино и се заборава, подарете време и искрена љубов, скапоцен подарок што се памети

Виното е љубов, среќа, страст…  Многумина ги поминуваат најубавите моменти со вино, подарокот од боговите.

Православната црква го одбележува 14 февруари како ден на Свети Трифун, заштитник на искрената љубов на сите верници. Историјата го памети како побожен и многу надарен. Нереално скромен. За него се верува дека имал исцелиутелска моќ. На кого му помогнал, го вовел и во христијанската вера.

Кога успеал да ја излечи ќерката на императорот Гордијан, Гордијана, тој би прогласен за чудотворец. Славата му донела и материјално богатство, но тој не го задржал за себе. Тој им го поделил на сиромашните и продолжил да се грижи за гуските и да им помага на луѓето. Така било сè додека престолот не го преземал царот Декиј, кој издал наредба за протерување на секој христијанин. Откако Трифун не сакал да се одрекне од својата вера, кралот лично наредил негово убивање во 250 година.

Производителите на вино го одбраа Свети Трифун за свој заштитник, затоа 14 февруари често се нарекува Ден на виното. На овој ден, лозарите одат во своите лозја за да исечат барем една лоза, а потоа ја полеваат со вино. Тие веруваат дека овој ритуал ќе им донесе добра берба.

Денот на вљубените или поточно Денот на Св. Валентин е празник на Римокатоличката црква. Валентин бил убиен затоа што ги венчавал војниците, што римскиот император Клаудиј Втори експлицитно го забранил затоа што верувал дека мажите кои се ветуваат на вечна љубов се лоши војници. Во 14 век, за прв пат е забележано одбележување на овој ден, а масовно се одбележува од 19 век.

Сега е сосема јасно дека и Свети Трифун и Свети Валентин имаа една порака за сите. Љубов. Двајцата го дале својот живот – за љубовта. Тие биле храбри, се бореле за највредното нешто на планетата. За љубовта. Тие знаеле дека ниту парите, ниту славата, ниту нешто друго не може да биде поважно од љубовта. Не верувале во подобро утре. Тие самите напрале се за денес  да биде подобро утре.

Не чекајте позив за состанок. Јавете се вие. Не кријте ги вашите емоции. Можеби некој ќе биде побрз од вас,  побрзо ќе се јави. Не подарувајте работи што се лесни за купување.  Подарете време и искрена емоција. Не ви требаат Трифун или Валентин за да изјавите љубов, но дефинитивно е полесно кога знаете дека некој ви дава ветер во грб.

Плишаните мечиња и срца ретко се паметат. Вкусот на добро вино во вистинско друштво никогаш не се заборава. Ако не сте експерт за ароми, сорти и слични поделби на вино, не сте единствените. И виното секогаш бара друштво. Во секоја форма.

Романтичните ресторани се совршени за вакви прилики. Тие имаат апсолутно сè што ви треба за совршена романтична вечера – вино, храна, десерт и амбиент. Изберете го најдоброто, поканете ја саканата личност и славете ја љубовта. Нека емоциите што го движат целиот свет владеат со сите.

Извор: belgrade-beat.rs

Фото: blic.rs