Попладнево околу 15.07 минути поради лизгав коловоз и мраз се случи сообраќајна несреќа на делницата Велес-Штип, над месноста викана Ѓубриште во која се превртело возило со сопружници од велешкoто село Бузалково.
Како што информира за МИА началникот на Брза Помош д-р Василка Пановска Поп Стефанова тие се здобиле со телесни повреди.
На местото на настанот била д-р Јадранка Мишкова од службата за Итна Помош која за МИА, информира дека и мажот и жената се здобиле со повреди на главата, а мажот и со повреди на рамо и шака и по укажаната прва медицинска помош со возило на Итна помош биле пренесени во Хирушките амбуланти на велешката Општа Болница.
-Во 15 и 30 минути на одделот за хирургија при ЈЗУ Оопшта болница – Велес од страна на Итна медицинска помош биле донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешката болница.
Како што информира за МИА,д-р Љупчо Леов ортопед, кој ги прегледал повредените, тие биле снимени и имале телесни повреди. Тие им препорачале да останат на набљудување во болницата, но повредените одлучиле да потпишат и да си заминат дома.